Македонија доби национална платформа за вештачка интелигенција „Везилка“, преку која домашните институции, универзитети, компании и стартапи ќе добијат пристап до европски суперкомпјутери, податоци и експертска поддршка за развој на нови дигитални решенија.
Deutsche Welle - CivilMedia - Паноптикум - Press24 - Весник Илинден
Македонија отвора нова страница во дигиталниот развој со промоцијата на првиот Национален центар за вештачка интелигенција „Везилка“. Проектот, кој е вреден 6,5 милиони евра, се смета за стратешки чекор кон долгорочна дигитална трансформација на земјата.
Везилка – Националната фабрика за вештачка интелигенција денеска ќе биде официјално претставена од Факултетот за компјутерски науки и инженерство (ФИНКИ) при УКИМ, кој го координира овој проект во соработка со Министерството за дигитална трансформација.