Шпанскиот парламент вчера усвои пакет мерки за заштита на станарите од иселување и за ограничување на шпекулациите со недвижности, откако милиони граѓани учествуваа во генерален штрајк поради високите цени на становите и кириите во земјата, објави „Асошијетед прес“.
Од падот на диктатурата во 1975 година до денешниот штрајк за домување, синдикалните акции во Шпанија неколкупати ја менуваа политичката и економската реалност на земјата. Но, штрајкот на 11 ноември 2026 година отвора ново поглавје: првпат главниот повод не се работничките ...
Првиот генерален штрајк во Шпанија по 14 години, организиран поради станбената криза и високите трошоци за живот, заврши со судири и десетици приведени. Најжестоките нереди избувнаа во Барселона, каде што маскирани лица палеа контејнери и кршеа излози.