Опозицискиот СДСМ остро реагира на назначувањето на Душан Адамовиќ за нов почесен конзул на Македонија во Србија, обвинувајќи ја Владата дека се обидува да се сокрие зад лаги по, како што велат, скандалозната одлука.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не сакаат да се вмрежуваат во дневно-политичките настани во соседна Србија иако, како што велат, желбата на СДСМ е огромна за тоа Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска преку писмено соопштение реагира на обвинувањата што ...
СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја избегне одговорноста во случајот со назначувањето на Душан Адамовиќ за почесен конзул во Србија, истакнувајќи дека одлуката за именување ја носи Владата на седница.
СДСМ е за целосна интеграција во ЕУ, БРИКС и изолација не се опција. До денес нема официјална одлука на Европската комисија, Европскиот совет или Европскиот парламент која предвидува прием на земја како полноправна членка без гласачки права.
„Пред околу еден месец, српското МНР соопшти дека му ја предале егзекватурата на почесниот конзул на Република Северна Македонија во Република Србија: Душан Адамовиќ. Седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија е во Панчево.