Општина Струга ќе формира комисија која ќе ја утврди почетната цена за продажба на службениот автомобил „Ауди А6“, по што возилото ќе биде понудено на јавна, отворена и транспарентна аукција, соопшти денеска општинската прес-служба.
Аудито кое го набави поранешниот градоначалник на Општина Струга, Рамиз Мерко, за кое беше гонет за злоупотреба на службената положба оди на продажба одлучи Советот на Општината, пренесе .
Советот на Општина Струга донесе одлука да го продаде службеното „ауди А6“ купено во мандатот на поранешниот градоначалник, по цена што денес звучи како политичка и финансиска шлаканица: возило платено 67.000 евра ќе оди на јавно електронско ...