Обилните врнежи од дожд предизвикаа сериозни проблеми во повеќе делови од земјава, со поплавени домови, излевање на реки и свлечишта. Една од најкритичната точка е кичевската каде што се евакуирани над 200 луѓе поради поплавата.
И понатаму се регистрираат исклучително високи водостои на реката Вардар во горниот тек, како и на реката Треска, каде што постои опасност од излевање, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во најновата хидролошка информација.
Макфакс - Bloomberg Adria - Вечер Прес - iNFOMAX - Пулс24 - еМагазин
Обилните врнежи повторно ја извадија на површина слабоста на системот кога водата ќе излезе од корито: државата реагира преку теренски екипи и итни интервенции, додека јавноста дознава дека истите места од година во година остануваат ранливи.
Драматични сцени се одвиваа во Кичево по обилните врнежи и излевањето на реката. Службите интервенираа за извлекување на неподвижни и тешко подвижни лица од поплавените домови, додека мештаните паралелно се обидуваа да ги спасат и своите животни.