Четири куќи со 17 жители од тетовското планинско село Шипковица се во ризик од ерозија која се појави ноќта помеѓу средата и четвртокот. Во текот на вчерашниот по пријавата до Центарот за управување со кризи, во селото дошле претставници на Општина ...
Свлечиштето во селото Шипковица, Тетово, загрозува четири куќи. Синоќа, околу три часот по полноќ, четири семејства беа приморани да ги напуштат своите домови и да се сместат кај роднините.
Во моментот се преземаат мерки и се дадени насоки на месното население да го напуштат живеалиштето во Шипковица поради опасност од појавување на нови свлечишта, информираат од ЦУК на својата Фејсбук страница.
Поради обилните врнежи на дожд кои го зафатија западниот регион, преку единствениот број за итни повици 112 е добиена пријава за настанато свлечиште во селото Шипковица, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).