ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение тврди дека во СДСМ ништо суштински не се менува и дека лидерот Венко Филипче ја продолжува, како што велат, политичката линија на поранешниот премиер Зоран Заев.
Венко Филипче верно го следи Зоран Заев и неговите политики. Венко Филипче е третиот во низата по Зоран Заев и Димитар Ковачевски, кој е спремен да ги продолжи предавничките политики уште веднаш.
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ и Венко Филипче под превезот на „проевропски курс“ кријат политика на отстапки без принципи и гаранции. Од партијата велат дека СДСМ - европскиот пат го користи како алиби за решенија на штета на националните интереси.
ВМРО-ДПМНЕ остро го критикува Венко Филипче, обвинувајќи го за лицемерие и неискреност. Според нив, како дел од владата на Зоран Заев, тој придонел за економски пад и осиромашување. Партијата тврди дека во Ковид-кризата имало сомнителни тендери и ...