Македонија е зафатена од нов интензивен топлотен бран. Поради екстремно високите температури, земјава се наоѓа во портокалова фаза, а од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат продолжување на екстремно високите температури и во текот на следната недела.
Директорот на Центарот за управување со кризи предупредува дека поради високите температури во попладневните часови, источните, централните и јужните делови се наоѓаат во многу висок ризик од појава на пожари. Поради тоа, апелира до граѓаните на максимална внимателност и ...
Според податоците од Системот за шумски пожари – МКФФИС, денеска во 09:00 часот, со порастот на дневните температури се зголемува и метеоролошкиот индекс за опасност од пожари – FWI (Fire Weather Index), информира директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамет Али.