Вчера вечерта, во ЛУ Народен музеј во Велес, беше отворена изложбата „Дијалог со светото“- од иконографскиот канон до современ сакрален израз, поставка која воспоставува визуелен, историски и духовен разговор меѓу македонското иконописно наследство и современото сликарство.
Во Ликовниот салон во Велес вчеравечер беше отворена изложбата „Дијалог со светото – Од иконографскиот канон до современ сакрален израз“, која преку икони и современи уметнички дела создава простор за средба на духовноста, традицијата и модерниот уметнички пристап.
Изложба што ги поврзува вековите – Оваа изложба, на едно место, носи редок спој на нашето богато минато и денешниот уметнички израз. Преку оваа поставка отвораме тивок дијалог меѓу старите икони на Крсте Зограф од 19 век и суштинските духовни трагања на Димитар Кондовски, Глигор ...