Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања за реформите во правосудството, изјави дека не може да се согласи на зголемување на плати на лица, за кои како што рече, немаат никаков рејтинг.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска не даде некој конкретен коментар околу евентуално разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. На прашањето, што ќе се случува со Коцевски, Мицкоски кратко одговори: „Почекајте, ќе видите“.
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија е на истата позиција во однос на евроинтеграциите како пред 25 години, и покрај промената на името. „Пред 8 години кога менувавме имиња и презимиња ни велеа дека сме ‘фронт ранери’.
Владата е подготвена да седне и да разговара со Софија, ама Мицкоски порача дека не е коректно некој да очекува додека е тој премиер наеднаш да рече дека ќе седне и ќе направи уставни измени.