Конечно го сретнавте момчето за кое сте сигурни дека ќе го паметите до крајот на животот. Си одговарате еден со друг, веќе не сте срамежливи, си ги споделувате личните надежи, желби и верувања. Едноставно се чувствувате блиски.
Возбудена сте што конечно имате дејт и тоа со момче кое физички многу ви се допаѓа. Не дозволувајте возбудата да ви ги заслепи очите и забегани во фантазиите за тоа како ќе се вика вашето прво дете, да не забележите некои многу битни нешта во неговото однесување.