Од 1 февруари стартува целосната примена на системот „Безбеден град“, откако Собранието го изгласа Законот за прекршоци, со што се отвора патот за автоматско санкционирање на сообраќајните прекршоци преку камери и софтверска контрола.
Министерството за внатрешни работи денеска во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на градовите Куманово и Тетово.
Со воведувањето на системот „Сејф сити“, Македонија ќе има автоматско казнување за четири конкретни сообраќајни прекршоци, со јасно утврдени и фиксни казни, во согласност со Законот за прекршоци и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. 1.
Возењето во Скопје стана значително потивко по пробниот период на иницијативата „Безбеден град“, изјави Сашо Топаловски, началник на СВР Скопје. Тој нагласи дека граѓаните веднаш ги намалиле прекршоците откако се воведени опомените.