Поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемување на водостоите на реките како и одредени излевања, поплавени објекти и одрони, извести Центарот за управување со кризи.
Нивото на поголем дел од реките во земјава нагло порасна по неколкудневните обилни врнежи, а хидролозите предупредуваат на потенцијално опасна состојба, особено во осетливите речни сливови.
Се уште е висок водостој во горниот дел од сливот на река Вардар, а очекувано зголемен е водостојот во средниот и долниот тек од течението на реката. Останува висок и водостојот во сливот на река Радика со нејзините притоки, а во текот на овој ден ...
Двајца кумановчани се спасени откако нивниот автомобил утрово заглавил во надојдените реки на Пчиња, кај селото Стрновец. Пожарникарите од Старо Нагоричане мораа да го вадат од водата возилото, со кое двајцата мажи тргнале во тамошниот базен на ...