Мицкоски очекува клучните чекори од Реформската агенда кои се во грејс-период, да бидат завршени до декември. Според премиерот, владата интензивно и во детали работи на реформите и изјави дека од Брисел му порачале дека Македонија е вистински предводник во процесот.
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно работи на исполнување на чекорите од реформската агенда во рамки на предвидениот грејс период, со очекување сите реформи да бидат целосно завршени до декември, пренесе МИА.
Имаме најстабилна Владата во регионот, тврди премиерот по најавите на ЗНАМ за можно напуштање на владината коалиција, доколку не се договорат околу полагањето на правосудниот испит. „Владата се бира со мнозинство во парламентот, ние имаме мнозинство кое во моментов е многу ...