Мицкоски очекува клучните чекори од Реформската агенда кои се во грејс-период, да бидат завршени до декември. Според премиерот, владата интензивно и во детали работи на реформите и изјави дека од Брисел му порачале дека Македонија е вистински предводник во процесот.
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно работи на исполнување на чекорите од реформската агенда во рамки на предвидениот грејс период, со очекување сите реформи да бидат целосно завршени до декември, пренесе МИА.
Владата очекува до крајот на декември да ги заврши сите реформи предвидени во Реформската агенда, а дел од клучните закони веќе се во фаза на техничко усогласување со Европската комисија. Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека активностите се одвиваат во предвидениот ...