И покрај негативните реакции по претставувањето на првиот електричен автомобил на Ферари, моделот „Луче“ (Luce), интересот кај купувачите не е намален. Неколку месеци по контроверзното претставување, предвиденото производство за 2027 година веќе е целосно распродадено.
Aвтомобилската јавност направи максимален напор да го расчеречи првиот електричен автомобил на Ферари, наречен Luce (светлина). Коментарите најчесто се движеа во линијата од тоа дека не личи на Ферари до екстремот – дека е неверојатно грд.