Променливо облачно. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
24 Вести - Прва Скопска - Кајгана - Шеталиште - Зелена берза - Либертас
Под влијание на влажен бран во следните два дена ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка до 15 cm, информираат од УХМР.
Најниската температура утрово е измерена во Берово -2 степени, а највисока во Гевгелија, Претор, Прилеп и Битола со 4 степени. Во Скопје на Зајчев Рид се измерени 2 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.