Во нападот биле повредени три лица, соопшти регионалното министерство за здравство. Властите не објавија детали за тоа кој индустриски објект бил погоден. Снимки од голем пожар се проширија на социјалните мрежи во Русија и Украина.
Четири лица загинаа, а 69 се повредени во руските напади низ Украина во изминатите 24 часа. Украинските власти на 15 ноември соопштија дека Одеската област била цел на масовен напад, при што биле погодени енергетски објекти, станбени згради, училиште и друга инфраструктура.
Украина извршила напад со беспилотни летала врз еден од најголемите руски петрохемиски комплекси во Нижнекамск, град во Република Татарстан, објавија денеска локалните медиуми. Во нападот биле повредени три лица, соопшти регионалното Министерство за здравство.