Во руски ракетни напади врз Киев беа погодени Северниот и Јужниот мост преку Днепар. Украина во меѓувреме повторно го нападна Кримскиот мост, соопштија руските власти. Два важни моста во украинскиот главен град Киев беа погодени во руските напади во понеделникот вечерта, ...
Украинските медиуми тврдат дека во новиот напад се урнал еден од големите лакови на патниот дел од мостот. Обемот на штетата сè уште не е независно потврден, а руските власти го потврдија нападот и повторно го запреа сообраќајот.
Украина изврши напад врз Кримскиот мост, кој ја поврзува Русија со анектираниот полуостров Крим. Сообраќајот е ограничен до пладне, соопшти прорускиот гувернер на полуостровот, Сергеј Аксјонов, пренесува „Украинска правда“.