Телефонскиот именик на обвинетиот апелациски судија Ѓоко Ристов беше во фокусот на денешното судење, при што обвинителката Искра Хаџи-Василева прочита повеќе познати имиња од политичкиот и бизнис-секторот кои биле запишани меѓу неговите контакти.
Звучни имиња од политичката и бизнис елита, но и со судија кој е на црната листа на САД, Енвер Беџети , се слушнаа на судењето на апелацискиот судија Ѓоко Ристов , како дел од контактите што ги имал обвинетиот во својот телефон.
Сведочење на инвеститор во недвижности предизвика нови прашања во постапката против апелацискиот судија Ѓоко Ристов, кој се товари за противправно стекнување и прикривање имот, како и за перење пари и други приноси од казниво дело.
На судењето против апелацискиот судија Ѓоко Ристов денеска беа презентирани прислушувани разговори и пораки обезбедени со судска наредба, кои, според Обвинителството, покажуваат како биле договарани средби меѓу судијата и лица поврзани со обвинети во предмет за организиран ...