Од Електродистрибуција објаснуваат дека прекинот во снабдувањето со електрична енергија е поради дефект на подземната среднонапонска мрежа, кој се наоѓа под градежно скеле, но додаваат дека во моментот се работат финалните зафати за целосна санација на дефектот, со што ...
Пет станбени згради во Скопје, кај „Мерцедес“ на улицата „ Индустриска 1 “, повеќе од 19 часа се без електрична енергија. Прекинот започнал вчера околу 13 часот, а жителите и утрово се без струја, без прецизна информација кога ќе биде отстранет дефектот.
Од Електродистрибуција велат дека оштетениот дел од подземната мрежа се наоѓал под скеле на соседно градилиште, поради што морало да се обезбеди пристап за безбедна интервенција. Станарите останале без греење и лифтови.