За двата закони се гласаше посебно, а и за двата имаше посебна расправа. Законот за судска служба е изгласан со 61 глас ЗА, а 12 против, додека оној за јавнообвинителска служба доби поддршка од 62 пратеници, додека против беа 13.
Законот за судска служба е едно од најзначајните реформски законски решенија во областа на правосудството усогласен со реформската агенда, а со Законот за јавнообвинителска служба се прави значаен исчекор кон зајакнување на самостојноста, професионалноста и на ефикасноста на ...
Собранието го усвои Законот за судска служба, кој претставува едно од клучните реформски законски решенија во правосудниот сектор и е усогласен со Реформската агенда и Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028 година, соопшти Министерството за правда.
Собранието на денешната седница го донесе Законот за јавнообвинителска служба со што се прави значаен исчекор кон зајакнување на самостојноста, професионалноста и ефикасноста на јавното обвинителство. Новиот закон претставува суштинска реформа која воспоставува современ и ...