Во најскоро време согласно препораките на Европската Унија, од новиот Кривичен Законик ќе биде отстранет терминот „детска порнографија“, рече денеска во Собранието началничката на Секторот за компјутерски криминал Весна Трпевска. -Несфатливо е во ова време да фигурира тој поим.
Во Собранието денеска ќе се одржи дискусијата „Заштита на децата од сексуална експлоатација и онлајн и офлајн злоупотреба: Можности за воспоставување национална линија за пријавување CSAM“ по повод 18 ноември – Светскиот ден за спречување и заздравување од сексуална ...