Во текот на вчерашниот ден имавме најмалку 33 пожари на отворен простор. Најкомплексен и најтежок за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка, рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов.
Штотуку го надлетавме Водно, нема ниту чад ниту пожар кој доаѓа од Водно, информираше директорот на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Тој објави дека мирисот на чад во Скопје е од пожар на тешко достапен терен на планината Жеден.
Пожарникари од Битола и Кочани денеска во раните утрински часови кај прилепското село Бонче воделе вистинска борба со пламени јазици високи до пет метри. Огнот, во еден момент, почнал да се движи со огромна брзина кон селото, а густиот чад ги принудил пожарникарите да ...
„Добро е тоа што немаме загинати или повредени и нема изгорени куќи. Состојбата е алармантна, високите температури продолжуваат и денеска и во наредните денови. Најави за дожд нема во наредниот период“, вели Ангелов упатувајќи апел до граѓаните да бидат внимателни Според ...
Повеќе од 15 пожари на отворен простор се активни во земјава, а два од нив во текот на денот директно ги загрозиле населените места, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Како еден од најсериозните пожари го посочи огнот што избувна во ...