Физичка пресметка меѓу пет лица се случила на Меѓународниот аеродром Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Инцидентот бил пријавен вчера, 21 ноември, во 14:40 часот во СВР Скопје, откако бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу две групи лица.
Инцидент со физичка пресметка меѓу таксисти се случил пред Меѓународниот аеродром во Скопје. Според информациите, дошло до тепачка поради несогласување околу редоследот за преземање патници, односно кој од таксистите е следен на ред.