Додека европската сцена уште се навикнува на новите имиња од Далечниот Исток, кинескиот производител Липмотор веќе испорача два милиони возила од своите ленти – темпо со кое зад себе ги остави и многу попознатите стартапи како Нио, Икспенг и Ли Ауто.
Kинескиот производител на автомобили, Leapmotor, кој од неодамна започна блиска соработка со меѓународната групација Стелантис, стигна до 2 милиони произведени примероци. Особено изминатиот месец, Октомври, беше рекорден за брендот со 106.127 продадени автомобили.