Премиерот Димитар Ковачевски очекува до крајот на наредната година да биде готов автопатот Кичево-Охрид, кој се гради 9 години, односно од 2014 кога премиер беше Никола Груевски, а министер за транспрот и врски Миле Јанакиески.
Пред 4 години екс премиерот Зоран Заев отиде кај тунелот на автопатот Кичево-Охрид за да изврши надзор на работите. Денеска кај истиот тунел отиде и неговиот наследник, Димитар Ковачевски заедно со претставници од владиниот кабинет.
Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе направи увид на градежните работи на тунелот Кичево – Охрид на автопатската делница во изградба во должина од 57 километри. Покрај премиерот Ковачевски присутни ќе бидат и првиот вицепремиер Артан Груби, ...
Прогресот на работите на автопатот Кичево – Охрид е над 72 проценти, а кога го преземавме проектот во 2017 година беше со 30-ина проценти прогрес и натоварени проблеми, како нерешени имотно правни прашања, лоши проекти, информира министерот за ...
„Изминативе пет години, Владата предводена од СДСМ изгради патишта во должина од околу 1.300 километри, значи двојно повеќе од претходниот 10 годишен период, кога биле направени само околу 650 километри“ рече премиерот Димитар Ковачевски при увидот ...