СДСМ продолжува со обвинувањата за прославата на независноста. Владата ги крие документите, сумите, договорите, анексите и добавувачите за прославата за независноста за која беа потрошени милионски суми.
Колку точно чинел настапот на Дејвид Гета – неговиот хонорар, продукцискиот пакет, сцената, техниката, транспортот и меѓународниот тим. СДСМ бара веднаш да бидат објавени сите договори, анекси, фактури, банкарски исплати и даночни пресметки, како и целосната листа на приматели, ...
Опозициската СДСМ бара да се објават сите документи поврзани со трошоците за прославата на државната независност. Од партијата прашуваат кои се членови на Комисијата во Државна лотарија која ги одбирала компаниите и кои се критериумите според кои се делеле над 5 милиони евра.