Латвија и Естонија работат на зајакнување на своите граници со Русија , јавува ДПА. Денес, латвиската телевизија објави дека противтенковските ровови веќе се ископани по должината на 4-километарскиот дел од источната граница на земјата .
По должината на источната граница на Латвија со Русија, во тек е изградбата на „Балтичката одбранбена линија“, во чии рамки се копаат противтенковски ровови, со цел да се спречи движењето на воени возила на потенцијален непријател, објави денес латвискиот јавен сервис LSM.