Корејските власти потврдија случај на колера за прв пат по 10 години. Станува збор за лице во пристанишниот град Чангвон кое не патувало надвор од земјата. Здравствените власти на Јужна Кореја го пријавија првиот случај на колера во земјата во последните 10 години.
Јужна Кореја денеска пријави случај на колера, прв по десет години. Здравствените власти ги повикаа граѓаните на претпазливост, нагласувајќи ја потребата од користење безбедна вода за пиење, како и правилно миење и подготовка на храната.