Реконструираната Стара чаршија во Гевгелија денеска беше пуштена во употреба, а во рамките на проектот биле обновени 27 објекти, за кои Министерството за транспорт ги издало потребните одобренија. На настанот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, заменик-претседателот на ...
Со инвестиција од 41 милион денари, Старата чаршија во Гевгелија доби нов изглед, но ја задржа својата автентичност и препознатливиот дух. Денеска свечено беше отворена реконструираната чаршија, која повторно треба да биде значаен дел од културниот и туристичкиот живот на градот.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, при посетата на Гевгелија истакна дека реконструкцијата на старата чаршија е уште еден реализиран проект и најави продолжување на поддршката за сите општини во државата.