Студениот воздух, ветерот и греењето во затворените простории можат да бидат вистински непријатели на убавата и здрава кожа. Доколку забележувате дека лицето ви е затегнато, рацете ви пукаат, а усните постојано ви се суви, можеби е време да ја промените секојдневната рутина.
Во зимските месеци, на кожата ѝ е особено важна нега што ја поддржува нејзината заштитна бариера. Ниските температури, ветерот и сувиот воздух поради греењето можат дополнително да ја исушат и да ја направат почувствителна.
Штом ќе стегне студот, многумина го забележуваат истото: усните се затегнуваат, се лупат и пукаат, а понекогаш дури и крварат. Тоа не е случајно, бидејќи кожата на усните е најчувствителната кожа на лицето . Кожата на усните е многу тенка и нема лојни жлезди, кои на другите ...