Сан Хуан – Се уште не е сигурно дали претставничката на Зимбабве, Розана Хол, ќе учествува на 75-от избор за Мис Универзум во Порторико. Таа и неколку други натпреварувачки од Африка може да го пропуштат натпреварот поради проблеми со добивањето американски визи.
Неколку африкански кандидатки се соочуваат со неизвесност дали ќе можат да учествуваат на овогодишното, 75-то издание на изборот за „Мис Универзум“ , што ќе се одржи во Порторико кое треба да се одржи кон крајот на ноември.