„Единствениот државен ПЕТ-скенер не работи повеќе од еден месец. Онколошките пациенти повторно чекаат, повторно се праќаат на приватно, повторно плаќаат илјадници евра за дијагностика без која не може да се води терапија.
– Министерот за здравство Сашо Клековски вечерва изјави дека ќе биде направено сè што е можно за неколку дена да бидат обезбедени суровините што се неопходни за работа за циклотронот каде што се произведува средството што е неопходно за снимање на ПЕТ-скенот, кој не работи ...