Бојан Ѓорѓиевски, претседател на здружението на производители на свинско месо „Македонско прасе“, смета дека свињарството е еден од ретките земјоделски сектори во земјава што успеал да се организира, да се модернизира и да одговори на потребите на домашниот пазар.
Бојан Ѓорѓиевски смета дека Македонија не може да го задржи населението и да обезбеди економски развој без индустријализација. Според него, потребно е да има индустрија која ќе отвора работни места, ќе создава економска активност и ќе им овозможи на луѓето да останат и да градат ...