На социјалните мрежи се појавија првите снимки од местото на пукањето во Првото техничко училиште во Крагуевац, каде што утринава беа повредени две лица. Пред училиштето има голем број полициски службеници, а на лице место се наоѓаат и полициски возила.
Ученик на 17-годишна возраст утрово пукал со малокалибарска пушка во техничко училиште во српскиот град Крагуевац, при што повредил две хигиеничарки. Полицијата соопшти дека го уапсила напаѓачот и дека останатите ученици и наставници се безбедни.
Утрово, полицијата го блокираше Средното техничко училиште во Крагуевац и околината по пукањето во училиштето. Според првите, непотврдени информации, ранети се две хигиеничарки, објавува nova.rs. Според истите информации, помлад маж пукал со пушка, а двете ранети жени работат во ...
Крвавото утро во Првото техничко училиште во Крагуевац повторно отвори стара, болна рана во српското општество: сè додека огнено оружје е лесно достапно во семејните домови, ниту една училница или ходник во училиштето не е безбеден, пишува српски Телеграф .