Расчистување одрони на магистралата А3 меѓу Делчево и Македонска Каменица; задржувања во сообраќајот, проблеми и на други патни правци, АМСМ апелира за зголемена претпазливост. Расчистување на одрони на магистралата А3 меѓу Делчево и Каменица ...
Екипи на „Македонија пат“ утрово работат на расчистување на одрон на магистралниот пат А3, на делницата Делчево – Македонска Каменица, кај селото Очипала, каде одронет материјал се има спуштено на дел од коловозот.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.