Филипче фатен на дело, директно соработува со луѓе кои го негираат македонскиот идентитет, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ за првиот човек на опозицијата Нов политички земјотрес на релација ВМРО-ДПМНЕ – СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати обвинувања кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, тврдејќи дека тој и неговата партија дејствуваат „во служба на бугарската агенда“ и соработуваат со лица кои, според нив, го негираат македонскиот идентитет.
Венко Филипче преку Рубин Земон е во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ...
Сите карти излегоа на површина, соработката на Филипче и СДС со Бугарија е разобличена. Рубин Земон, човек на Зоран Заев и еден од најблиските луѓе на Венко Филипче е врската помеѓу Бугарија и СДС, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.