Стефан Михајловски го заврши денот за македонските кикбоксери на најдобар начин, се пласира во полуфиналето и обезбеди осми бронзен медал. Михајловски за влез во полуфиналето го победи Марк Хомонаи од Унгарија со 3-0 .
Силвио Мировски го обезбеди седмото полуфинале за Македонија на Европското кик бокс првенство за сениори во Скопје. Мировски во четвртфиналето славеше против Павел Конечни од Полска со 2-1. Претходно денес Нелсон Узеир и Марија Димовска се пласираа во полуфиналето .
Нелсон Узеир и Марија Димовска со пласманот во полуфиналето обезбедија уште две бронзи за Македонија на Европското кик бокс првенство за сениори во Скопје. Денес го очекуваме настапот на уште неколку наши репрезентативци, така што бројот на сигурни медали може да се зголеми, ...
По првиот ден од натпреварите на Европското кик бокс првенство за сениори во Скопје македоснките репрезентативци ќе имаат четири борби за влез во финале, што подразбира дека имаме сигурни четири бронзи, а уште 12-мина ќе се борат за влез во полуфинале.
Вечерва во Скопје беше отворено ВАКО Европското првенство во кик бокс за сениори, ветерани и параспортисти, кое од утре до недела ќе се одржи во Спортскиот центар „Јане Сандански“. На големиот спортски настан ќе настапат 1025 натпреварувачи од 41 европска држава, со вкупно 1191 ...