Техничкиот премиер Талат Џафери беше пречекан во неговото родно село Форино со извици „Илирида“, Чемерија“ и „Косово“. Едно видео од дочекот на техничкиот премиер Џафери, а кој беше организиран од неговите соселани, се појави на социјалните мрежи.
Како што може да се види на видеото жителите на Форино имаат формирано кордон со факели од двете страни на улицата додека конвојот од полициски возила и обезбедувањето на Џафери минуваат низ улицата.
Повеќе медиуми денес објавија дека новиот технички премиер Талат Џафери бил пречекан во неговото родно село Форино со извици „Илирида“, Чемерија“ и „Косово“. Тоа беше дополнето со видео на кое се служаа скандирањата, но по неколку прегледи ...