Будилникот ѕвони, надвор е уште темно, а креветот никогаш не бил потопол. Ако ви се чини дека во ноември станувате многу потешко отколку во јуни, не ви се чини. Не сте мрзливи. Телото ви реагира на недостигот од светлина.
Ноември носи пократки денови, постудени утра и сè помалку сончева светлина. За многумина тоа значи дека станува потешко да се станува од кревет, енергијата побрзо се троши, а желбата за дружење и секојдневни активности постепено се намалува.
Промената на годишните времиња кај некои луѓе може негативно да влијае врз расположението и менталното здравје . Со пократките денови, помалку сончева светлина и помалку време поминато во природа, може да се појават симптоми на сезонска депресија, позната и како сезонско ...