Од Мрежата за заштита од дискриминација бараат од ресорниот министер да се заложи, како што велат, за усвојување на предложените измени на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство до 10 декември и јавно да ги објави конкретните рокови за ...
Собранискиот спикер Гаши е спремен да свика итна седница на која ќе се дебатира за насилството врз жените и за фемицидот и ќе се донесат конкретни законски измени со кои во иднина многу построго ќе се санкционираат вршителите на такви дела .
Мрежата за заштита од дискриминација испрати лично адресирани писма до сите пратеници, членовите на Владата, премиерот и претседателката на државата, со барање за исполнување на шесте барања за подобрување на системот за превенција и заштита од насилство врз жените.
Во врска со законот за правична застапеност, за кој е потребно и Бадентерово мнозинство претседателот на Собранието, Африм Гаши рече дека се разговара со партиите на Албанците, се прават обиди за решение и дека законот ќе биде донесен.
