Двата нови случаи од Битола и Охрид се дел од образец што бројките го откриваат со години. Минатата година бројот на пријави за семејно насилство достигна рекорд, а шест жени го загубија животот. Во Битола се бара притвор за маж осомничен дека ја давел и брутално ја тепал ...
Одговорноста за ваквите случаи е системска, политичка и колективна – велат граѓанските организации, оценувајќи дека таа произлегува од длабоко вкоренета мизогинија, од нееднаквата распределба на моќта, во која женската слобода сè уште се третира како нешто за кое одлучуваат ...
Бруталниот напад врз младата девојка во Охрид, која преживеала откако била претепана до бесознание, е уште едно алармантно предупредување дека жените не се безбедни ниту кога нивниот живот е непосредно загрозен, велат од ДОМ.
Форумот на жени на ВЛЕН изразува згрозеност од зачестените кривични дела со сторени тешки облици на насилство врз жените, од кои за жал, некои завршија и со смртен исход. „Од почит кон последната жртва на машко насилство не сакаме нечие страдање да го политизираме.