„Малите држави не можат да победат со големина, но можат со агилност и знаење“, порача шефот на дипломатијата, нагласувајќи дека европската иднина останува стратешки избор базиран на реформи и владеење на правото.
Македонското општество има знаење, има талент, има луѓе кои успеваат и дома, но и во целиот свет. Сега е време тој потенцијал да го претвориме во резултати. Да создадеме држава што ќе биде доволно силна младите да сакаат да останат, доволно модерна ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски порача дека Македонија има потенцијал, знаење и талент, но дека сега е потребно тие капацитети да се претворат во конкретни резултати.