На денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе продолжи разгледувањето на предлог-буџетот за 2027 година, во второ читање. Комисиската расправа за буџетот трае 10 дена, а почна во петокот.
Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Дневникот на Сител телевизија се осврна на актуелните случувања во Собранието, одоносно дебатата по предлог буџетот за следната година, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Во подготовката на Буџетот за 2027 година се појде од определбата на Владата да нема промена во даночните стапки, што наметна внимателно планирање на приходите и расходите. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во „Колегиум„” на ТВ Алфа.