„Сметам дека темата за која разговараме денес е важна, пред се, и од аспект на заштита на осигурениците, довербата во осигурителниот систем и стабилноста на финансискиот сектор, затоа што осигурителниот пазар функционира врз основа на доверба“, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ ...
Нема информации за сомнителни трансфери на значителни финансиски средства од „Алта банка“ Битола кон Србија и Русија, а лиценцата за работа на осигурителното друштво „Алта“ била издадена во согласност со законските прописи.
Пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара конкретни одговори од Агенцијата за супервизија на осигурувањето за потеклото на парите со кои Давор Мацура го купил осигурителното друштво, сегашно Алта осигурување Скопје.