Никој од пратениците на ДУИ нема да потклекне на вашите притисоци и да премине во ВЛЕН, а најмалку јас, рече Беџети, кој три мандати беше градоначалник на Сарај, а вчера доби кривична пријава за проневера на 108 милиони денари или 1,7 милиони евра.
Пратеникот од ДУИ и поранешен тримандатен градоначалник на Сарај, Блерим Беџети, денеска одржа прес-конференција во Собранието, нагласувајќи дека кривичната пријава поднесена против него и уште неколку лица е „политички монтирана и правно ...
Немојте да мислите дека со овие „операции“, политички конструкции, фабрикувани кривични пријави или обиди за уцена можете да ме вратите назад, да ме исплашите или да ме натерате да отстапам од моите политички ставови.