Германија планира формирање државни резерви на природен гас поради загриженоста за сигурноста на снабдувањето во текот на зимата. Новите резерви ќе се финансираат преку дополнителни надоместоци што ќе ги плаќаат потрошувачите, соопшти германското Министерство за економија.
Германската влада денеска го одобри нацрт-законот за воспоставување стратешки резерви на гас. Како што објави Сојузното министерство за економски работи и енергетика по владиниот состанок во Берлин, оваа мерка има за цел да обезбеди снабдување со гас на земјата во кризни ...