Мемеди вели дека од вкупно 144 вработени медицински сестри, дури 25 се на возраст над 60 години и наскоро ќе исполнат услови за пензија. Дополнителни 15 сестри се над 57 години, со што по закон се ослободени од ноќни дежурства.
Поради недостиг од кадар Детската клиника ги спои одделите за имунологија и пулмологија – директорот алармира за состојбата со персоналот на клиниката – министерството за финансии вчера одби нови согласности за дел договорци на дело кои останаа без работен ангажман.
Одделот за имунологија на Клиниката за детски болести ќе се спои со Одделот за пулмологија оти има недостаток на медицински сестри, кажа директорот Реџеп Мемеди. Тој рече дека Одделот за имунологија не е укинат туку поради недостигот на медицински кадар е направено спојување.