СДСМ реагира по денешното изгласување на измените на Законот за Влада, со кои по следните парламентарни избори ќе биде укината техничката влада, оценувајќи дека со тоа „паднала последната брана на демократијата“.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска изјави дека укинувањето на техничката влада не претставува реформа, туку чекор назад, обвинувајќи ја власта дека без политички консензус и широка дебата сака да го смени Законот ...